Пријавувањето за U&Z Influencer Awards официјално заврши: Ве запознаваме со дел од пријавените учесници во категоријата Food

Кој ќе биде Influencer Star?

Се’ уште може да се пријавувате во категоријата Happiness!

Пријавувањето на конкурсот „U&Z Influencer Awards“ официјално заврши!  Станува збор за настан кој првпат се одржува во Македонија, а кој претставува можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција во нив потпишувајќи договор со покровителите на една од осумте категории на натпреварот и освојувајќи вредна награда.

Пријавувањето во категориите Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle и Insta Man траеше до 15-ти септември, но се’ уште може да се пријавувате во осмата, специјална категорија Happiness (Среќа), #ВклучиСеЗаСреќа, #МинутиНаСреќа, во која учество ќе можат да земат сите учесници со навршени 18 години, без разлика на бројот на следбеници на Фејсбук и на Инстаграм.

Испратете ни мејл со ваше име и презиме, линк до вашиот профил на Фејсбук или Инстаграм и чекајте ги нашите инструкции.

Пријавените инфлуенсери ќе добијат разни предизвици од покровителите на категоријата во која се пријавиле во текот на месеците што следат. Главен спонзор на „U&Z Influencer Awards“ е Violeta. Лото 7 е официјален партнер за среќа.

Награди!

Победникот во секоја категорија ќе добие вредни подароци, а некои ќе имаат  можност да склучат договори за спонзорство со брендот што ќе биде носител на дадената категорија. Сите учесници ќе добијат подароци од нашите почитувани клиенти и спонзори, а со самото учество во мини-натпреварот си обезбедувате и место на гала-настанот, кој ќе се одржи на 2 декември во Ragusa Rooftop 360.  На гала-свеченоста ќе им бидат доделени статуетки на победниците во категориите и ќе се избере U&Z Influence Star, која ќе ја краси насловната страница на декемвриското издание на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“.

Не пропуштајте да се пријавите во категоријата Happiness, а во меѓувреме запознајте се со дел од пријавените инфлуенсери во категоријата Food.

Давор Панчевски

https://www.instagram.com/p/Bx6uzj3HwWF/

Теодора Георгиевска

Бранко Попоски

https://www.instagram.com/p/B1ZIeAln1hS/

Теа Трповска

https://www.instagram.com/p/B0WVgFzHifX/

Весна Ѓ. Каеска

https://www.instagram.com/p/B1k_3mlHKmN/

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! И станете Influencer Star!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.