Почестете се со вкусен ручек: Месни топчиња со тиквички

Фантастичен деликатес

Изненадете ги вашите домашни со вкусни месни топчиња за ручек

Состојки:
  • 500 г мелено пилешко бело месо
  • 1 главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 4 тиквички
  • 4 лажици лебни трошки
  • 1 поголем морков
  • 2 јајца
  • 2 рамни лажици брашно
  • 500 мл пасирани домати
  • масло
  • пипер
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцкички, а чешнињата лук ситно се сечкаат.

2. Морковот и една тиквичка се лупат, па крупно се сечат и добро се цедат.

3. Во сад се мешаат меленото пилешко месо, ренданите тиквичка и морков, лебните трошки, јајцата, црвениот кромид и лукот. Се додаваат сол и пипер по желба, па сето тоа добро се меша. Од приготвената смеса се обликуваат помали месни топчиња.

4. Се пржат на врело масло, малку да зацрвенат од сите страни, а потоа се вадат и се оставаат на топло.

5. Во поголемо тенџере на малку масло се пржи брашното, а потоа се сипуваат пасираните домати и малку вода, колку што е потребно да се добие поредок сос.

6. Пржените месни топчиња се ставаат во пасираните домати, па сето тоа заедно се вари на умерена температура десетина минути.

7. Преостанатите тиквички со помош на  нож за лупење се сечат на ленти и се пржат на врело масло. Готовите месни топчиња во сосот од домати се послужуваат на подлогата од тиквички.

Новиот број на магазинот „Добра храна“ нуди многу вакви интересни идеи за вкусен ручек!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.