Совршен десерт: Овошни залачиња

3 рецепти поради кои ќе ги излижете прстите!

Фото: Getty Images

Десертите што ви ги претставуваме, а кои неодоливо потсетуваат на оние што ги приготвуваа нашите баби и мајки, се совршен избор доколку посакате да ги израдувате најмилите, но и кога ќе ви „падне“ шеќерот. Уживајте!

Тарт од лиснато тесто со сливи и крем-сирење

Состојки:

1 пакување лиснато тесто

250 г крем-сирење

1 ванилин шеќер

¼ шолја шеќер

3 шолји сливи

Приготвување:

  1. Расукајте го лиснатото тесто, преполовете го и на двата краја формирајте издигнати рабови.
  2. Изматете ги крем-сирењето, ванилиниот шеќер и шеќерот, па распоредете го филот врз лиснатото тесто.
  3. Преполовете ги сливите, отстранете им ги семките, па наредете ги врз филот така што страната со лушпата ќе биде нагоре.
  4. Печете на 200 степени додека порумени тестото.

Колач со капини, рузмарин и бадеми

Состојки:

1+1/2 шолја брашно

1 лажиче прашок за печење

1 лажиче сода бикарбона

170 г путер

¾ шолја шеќер

1 големо јајце + 1 жолчка

¾ шолја павлака

1 ванилин шеќер

1+1/4 шолја капини

1 гранче свеж рузмарин

½ шолја ливчиња од бадеми

Прочитајте и: Рај за непцата: Пробајте ги највкусните гнездо-колачиња

Приготвување:

  1. Помешајте ги брашното, прашокот за печиво и содата бикарбона и оставете ги настрана.
  2. Изматете ги путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер во пенеста смеса, па додајте ги и јајцата и добро изматете.
  3. Мешајќи, постепено додавајте ја павлаката, а потоа мешавината од брашно додека добиете сосема компактна смеса. Додајте го и ситно сечканиот рузмарин и добро промешајте.
  4. Сипете ја изматената смеса во подмачкан плех, одозгора наредете ги капините и печете во рерна на 170 степени десетина минути.
  5. Извадете го колачот од рерната, посипете го со ливчиња бадеми и вратете го во рерната да се допече.

Третиот рецепт продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.