Неколку совети што ќе ви помогнат пролетта да ја дочекате фит и во одлична кондиција

Виновна е зимската депресија

Студените денови претставуваат вистински предизвик за одржување на оптималниот број килограми. Што да преземеме?

Вежбалницата воопшто не изгледа примамливо во споредба со топлите ноќи поминати на троседот, под топло ќебенце, со кесичка чипс или пуканки. А кој може да ве обвини за тоа?

Апсолутно никој. Појавата позната како зимска депресија е главен виновник што не успеваме да се придржуваме до сопствените одлуки, да се насочиме кон она што е корисно за нашето тело и да ја зачуваме витата става за време на студените денови.

Прочитајте и: Ако не можете да ослабите, задолжително проверете го црниот дроб: Со ваков начин…

Меѓутоа, и за тоа постои лек. Тој лек, всушност, се состои само од неколку совети што ќе ви помогнат пролетта да ја дочекате фит и во одлична кондиција.

Заменете ги обичните шеќери со нискокалорични засладувачи

Деновите се студени, а желбата за шеќер гори како оган. Консумирањето шеќери предизвикува лачење серотонин, хормон на среќата, а кон крајот на денот, таа желба уште повеќе се засилува.

Прочитајте и: За рекордно време симнала 50 килограми: Само ова го исфрлила од исхраната!

Никој не вели дека не смеете да јадете јаглехидрати, но доколку сакате да ја задржите витата става за време на зимата, мора да го намалите консумирањето дополнителни шеќери.

За среќа, можете да уживате во омилениот десерт приготвен со нискокалорични засладувачи. Благодарение на нив, нема да се здебелите, а притоа и ќе се засладите.

Јадете повеќе омега-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини се убедливо најздрави маснотии, кои природно се наоѓаат во многу намирници, вклучувајќи ги рибата, семките и јаткастите плодови. Не само што се одлични за намалување на болките и на вкочанетоста во зглобовите туку дејствуваат и противвоспалително.

Меѓутоа, се поставува прашањето како може да ни помогнат во зачувување на витата става за време на студените денови.

Студиите покажаа дека омега-3 масните киселини помагаат за намалување на нивото на депресија, која често се јавува во зима, а која, меѓу другото, влијае на тоа да се прејадуваме „емотивно“. Тоа го правиме бидејќи мислиме дека храната ќе нè утеши и расположи.

Како да знаете колку калории консумирате?

За да знаеме како на правилен начин да му се посветиме на зачувувањето на витата става, важно е да научиме да го читаме препорачаното дневно количество состојки наведено на нутритивната табела на производите.

Прочитајте и: Начин на исхрана според типот на фигурата: Еве што и кога да јадете!

Повеќето продукти имаат т.н. нутритивен семафор на предната страна, а означен е и во бои за полесно толкување.

Па, така, црвената боја сугерира потреба да бидеме умерени во консумирањето на производот, портокаловата – средно умерени, а зелената сугерира дека нема да имаме негативни последици дури и ако претераме малку.

Според официјалните препораки, вкупното количество внесени јаглехидрати во текот на денот треба да биде во следниве рамки: од 55 до 65% јаглехидрати, 30% протеини и до 15% масти.

Значи, во вашата исхрана сè треба да биде застапено така да ја зачувате линијата, но исклучиво во правилни и умерени количества.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.