Рај за непцата: Пробајте ги највкусните гнездо-колачиња

Вкусен десерт!

Ќе ви требаат само 40 минути за да ги приготвите овие колачиња!

Колачињата на Ана Марија Кузмановска се вистински рај за непцата. Посетете го нејзиниот инстаграм-профил @anamarija.k1 и пригответе некој од нејзините вкусни десерти.

Состојки:

За колачињата

  • 100 г бадеми (мелени во процесор или блендер)
  • 100 г кокос (мелен во процесор или блендер)
  • 200 г брашно
  • 2 јајца
  • 100 мл млеко
  • 3 лажици масло
  • 4 лажици какао
  • 5 лажици мед
  • 50 г кафеав шеќер

За филовите

  • путер од кикиритки
  • кокосово масло
  • мед
  • малини
  • желатин
  • топено чоколадо (по желба)
  • 3 лажици кокосово млеко
  • кокос

Приготвување:

1. Измешајте ги прво сувите, па влажните состојки и формирајте тесто

2. Формирајте топчиња и направете вдлабнатина во средина

3. Додека колачињата се печат, пригответе ги филовите по избор

4. Кога ќе се оладат колачињата, ставете го филот

Добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.