Совршен десерт: Овошни залачиња

3 рецепти поради кои ќе ги излижете прстите!

Фото: Getty Images

Пита со круши и лешници

Состојки:

4 круши

1 ½ шолја брашно

¾ шолја шеќер

5 лажици сончогледово масло

2 големи јајца

½ шолја рикота-сирење

1 лажиче кора од портокал

1 лажиче кора од лимон

1 ванилин шеќер

1 прашок за печиво

1 лажиче рендан ѓумбир

½ лажиче цимет

грст лешници

шеќер во прав

Прочитајте и: Засладете се со вкусен десерт: Ролнички со кардамом

Приготвување:

  1. Во чинија измешајте ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, кората од рендан лимон и од портокал. Кога ќе се соединат состојките, додајте ги рикотата и маслото, а на крајот и прашокот за печиво и брашното.
  2. Излупете ги крушите и исечете неколку тенки парчиња по целата должина. Остатокот исечкајте го на коцкички, посипете со ѓумбир и со цимет и измешајте, а потоа додајте ги во брашното.
  3. Исечкајте ги ситно лешниците и половина додајте во тестото.
  4. Префрлете го тестото во подмачкан плех, одозгора посипете го остатокот од лешниците и наредете ги парчињата круша без да ги втиснувате во тестото.
  5. Печете на 180 степени додека зарумени колачот, а кога ќе се подизлади колачот, наросете го со шеќер во прав.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.