Засладете се со вкусен десерт: Ролнички со кардамом

Пробајте!

Изненадете ги најблиските со вкусни и слатки ролнички

Засладете се со овој вкусен десерт на Ана Марија Кузмановска и посетете го нејзиниот инстаграм-профил @anamarijas.kitchen за уште вакви рецепти и совети за исхрана.

Состојки:

За тестото

  • 250 мл топло млеко
  • 1 пакетче сув инстант-квасец
  • 70 г светол кафен шеќер
  • 400 г брашно, плус за набрашнување на површините
  • 1 лажиче зачин кардамом
  • прстофат сол
  • 75 г путер на собна температура (исечкан на коцки)

За филот

  • 70 г путер
  • 65 г темен кафен шеќер
  • 2 лажичиња кардамом

За преливот

  • 60 мл вода
  • 50 г светол кафен шеќер
  • 1 лажиче ванила
  • 1 лажиче шеќер
  • ½ лажиче кардамом
Приготвување:

1. Мешајте го млекото со квасецот и сувите состојки со миксер додека се формира хомогена смеса

2. Кога тестото ќе стаса, исукајте правоаголник

3. Внимателно нанесете го филот на целата површина

4. Исечете 15-20 ленти со ширина од 2 сантиметри

Добар апетит!

Празничниот број на „Добра храна“ изобилува со уште вакви вкусни десерти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.