Знаете ли што е тек-нек?

Што да преземеме?

Станува збор за дијагноза што можеби ја имате и вие: хронична болка во вратот предизвикана од долготрајна употреба на технолошките уреди.

Имено, додека користиме мобилен телефон, компјутер или таблет, главата ни е наведната напред, што ги оптоварува вратот и комплетниот ‘рбетен столб.

Затоа, покрај болката во вратот и напнатоста во рамениците, последица се и проблеми со другите делови на ‘рбетот, а тек-нек (од англ. neck што значи врат) може да предизвика и главоболка, отрпнатост во рацете, па дури и болка во вилицата.

Што да преземеме? Внимавајте екранот да ви биде во висина на очите, почесто правете паузи додека работите и изведувајте вежби за истегнување и за зајакнување на вратните мускули.

Прочитајте и: Како пештерските жени… Да ѝ се вратиме на својата природа!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.