Овошна торта без печење: Совршен славски десерт

Лесен и вкусен!

Доколку сакате, рецептот може да се прилагоди и да се направи тортата во посна варијанта

Состојки:
  • 1 пакување пишкоти
  • 1 пудинг од малини
  • 1 пудинг од ванила
  • 70 г путер
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 6 лажици шеќер
  • 200-300 г малини
  • 250 мл млеко
  • 200 мл вода

Приготвување:

Во млекото додајте 2 лажици шеќер, сварете го пудингот, па оставете го да се олади. Изматете го путерот со шеќер во прав, па измешајте го со оладениот путер и добро изматете. Во тенџере сипете вода, додајте малини и 2 лажици шеќер.

Кога ќе зоврие, исцедете ја водата, па отстранете ги семките. Повторно вратете ја на шпорет, па тука сварете го пудингот од малини. Во помал тркалезен плех на дното ставете фолија, па наредете половина од пишкотите, озгора нанесете го целиот пудинг од малини и распоредете го.

Врз него нанесете го пудингот од ванила и озгора наредете го остатокот од пишкотите. Оставете ја тортата покриена со фолија да преноќи или 3-4 часа за да се стегне. Префрлете ја на чинија, па прелејте ја со чоколадо. Може да ја украсите со шлаг и малини.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.