Домашна густа пилешка чорба: Мелем за стомакот и душата!

Вкус што не се заборава

Топло готвено јадење за цело семејство

Состојки:
  • 500 г пилешки батаци
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 компира
  • 3 лажици ориз
  • 1 коцка пилешка супа
  • прстофат мелена пиперка
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица путер
  • бибер по желба
  • 1 јајце
  • 2 лажици павлака
  • малку грашок и морков по желба
Приготвување:

Измијте ги пилешките батаци и така, цели сосе коски, прелејте ги со вода и ставете ги на рингла. Кога водата ќе проврие, истурете ја и сипете чиста топла вода. Додајте масло, бибер по вкус и путер. Оставете да се готви.

Излупете ги кромидот, компирот и лукот. Измијте ги и ситно исечкајте ги, па додајте ги во тенџерето со батаците. Ако сте одлучиле да ставите и грашок и морков, сега додајте ги и нив. Ставете и измиен ориз, коцка за супа и прстофат мелена пиперка.

Кога батаците ќе се сварат, извадете ги од супата и одвојте ги од коските. Искинете го месото на парчиња и вратете го во тенџере. Ако треба, додајте уште топла вода. Варете уште неколку минути, па тргнете ја чорбата од рингла.

Во сад изматете јајце и кисела павлака. Промешајте, па сипете малку чорба и кога ќе се соедини, сипете ја во тенџерето со чорба. Промешајте и исклучете ја ринглата.

Уживајте во густата домашна пилешка чорба!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.