Освежителен мус од лимон од само 3 состојки: Најубавиот летен десерт што и аматери можат да го приготват!

Пробајте

Станува збор за рецепт што можат да го совладаат и најголемите аматери во кујна – најтешкиот дел во целата постапка е чекањето мусот да се олади во фрижидер

Не се откажуваме од слатките залачиња ни налето, но наместо комплицирани рецепти со многу состојки, тогаш омилени ни се освежителните и едноставни десерти, без многу филозофија.

Токму како оваа брз верзија на вкусен мус од лимон што се прави од само три состојки и не содржи свежи јајца. Станува збор за рецепт што можат да го совладаат и аматери во кујна. Најтешкиот дел во целата постапка е чекањето мусот да се олади во фрижидер.

Состојки:
  • 250 мл павлака за шлаг
  • 230 мл бело чоколадо
  • 80 мл свежо цеден сок од лимон
Приготвување:

1. Иситнете го белото чоколадо на помали делови, ставете го во огноотпорен сад и стопете го на шпорет или во микробранова рерна.

2. Во стопената смеса додајте свежо цеден лимонов сок и добро промешајте. Смесата оставете ја во фрижидер околу половина час.

3. Изматете ја павлаката во шлаг и рачно измешајте го во смесата со лимон додека се соединат сите состојки.

4. Поделете ја смесата на помали порции и ставете ги во фрижидер два часа пред да ги послужите.

Добар апетит!

Рецепт на денот: Чизкејк со капини
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.