Незаборавен десерт: Бел овошен ролат

Слатко финале!

Готовиот ролат оставете го прекуноќ во фрижидер, за да се стегне добро кремот

Состојки:

За кората:

  • 6 белки
  • 120 г шеќер
  • 4 лажици масло
  • 80 г брашно
  • 1 прашок за печиво

За филот:

  • 6 жолчки
  • 200 мл слатка павлака
  • 130 г кисела павлака
  • 120 г шеќер
  • 150 г јагоди + 100 г јагоди за украсување
  • 10 желатин во прав

Приготвување:

Кората:

1. Белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер. Потоа се сипува масло во тенок млаз, со непрекинато матење со миксер.

2. На крајот со маталка се замешуваат брашното и прашокот за печење.

3. Плехот се обложува со хартија за печење и во него се става смесата за кората. Се израмнува и се пече во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, додека зацрвени. Печената кора, заедно со хартијата за печење, се витка во сува крпа и се остава да се олади.

Филот:

1. Жолчките се матат со шеќерот и се варат на пареа.

2. Желатинот се прелева со 4 лажици вода, па, откако ќе набабри, се става во врелата смеса од жолчки и се меша додека се растопи.

3. Во оладениот  крем од жолчки се додава шлагот од слатка и кисела павлака, па се меша со лажица.

4. На крајот се додаваат исечените јагоди и полека се меша со маталка.

Конечна постапка:

1. Кората се премачкува со половина од филот и се витка во ролат, па се поставува на послужавник.

2. Ролатот одозгора се премачкува со остатокот од филот се украсува со преостанатите јагоди.

Доколку ви требаат уште идеи за вкусни десерти, побарајте ги во најновиот број на магазинот „Добра храна“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.