Вегетаријански деликатес што ќе го засакаат и љубителите на месо: Топчиња од грав на салата

Вкусно јадење!

Рецепт што ќе ве воодушеви!

Состојки:
  • 300 г крупен бел грав
  • 1 праз
  • 3 лажици мелен лен
  • 1 белка
  •  1 лажиче мелена пиперка
  • 3 чешниња лук
  • 400 г компири
  • 1 главица црвен кромид
  • 3 лажици јаболков оцет
  • масло
  • пипер
  • сол

Приготвување:

1. Белиот грав се вари во вода целосно да омекне. Потоа се цеди и се гмечи со виљушка.

2. Празот се чисти и се сече на коцкички, па се пржи на малку масло, да омекне малку. Потоа се одвојува од маснотијата.

3. Лукот се чисти од лушпата и се сечка ситно.

4. Се меша изгмечениот бел грав со празот и лукот, па се додаваат белката, мелениот лен и пиперката. Се посолува и се запиперува по желба, па добро се меша. Се остава смесата да се олади и стврдне.

5. Со намрсени дланки се обликуваат помали топчиња и се редат во плех обложен со хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, додека зацрвенат малку.

6. Компирот сосе лушпата кратко се вари во зовриена вода, а потоа се цеди и се остава да се олади. Потоа се лупи и се сече на крукчиња. Црвениот кромид се чисти и се сече.

7. Во сад се мешаат компирот и црвениот кромид, се прелеваат со јаболков оцет и со масло, па се зачинуваат по желба.

8. Печените месни топчиња се редат на подлогата од компир-салатата.

Најновиот број на магазинот „Добра храна“ содржи уште многу вакви интересни идеи за вкусен ручек.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.