Сјај, надеж и вистина: 10 имиња за деца од латинско потекло со силно значење

Нема да згрешите!

Овие имиња за деца секогаш се одличен избор за родителите, бидејќи имаат прекрасно значење

Одбирањето име за детето е голем предизвик и одговорност за родителите. Треба да им се допаѓа и на мајката и на таткото, но и детето подоцна да биде задоволно од своето име.

Во екот на модерните имиња, понекогаш треба да се вратиме кон корените. Во продолжение ви предлагаме десет имиња што потекнуваат од латинскиот јазик, а имаат длабоко значење…

Адријана

Што го изговорите ова прекрасно име, ќе се уверите колку убаво звучи. Женска варијанта од името Адријан, што значи „оној што доаѓа од местото Адрија“. Ако обожавате слатки прекари, сигурно ќе ги извлечете од ова име.

Клаудија

Доаѓа од зборот „claudius“ што било често име во многу римски семејства, но и од зборот „claudus“ што значи нецелосно.

Стела

Потекнува од зборот „stella“ што значи ѕвезда. Убаво име за вашата мала ѕвездичка.

Луција

Доаѓа од латинскиот збор „lux“ што значи „светло, сјај“. Луција е прекрасно име за девојче.

Валерија

Потеклото на ова име доаѓа од латинскиот збор „valerianus“, а означува силна, јака и здрава жена.

Оливија

Ова име настанало од латинските зборови „olivarius, oliverus“  што значи „маслинка“. Симбол е на надежта, така што може да се каже дека ова име значи „онаа што дава надеж“.

Доминик

Потекнува од латинскиот збор „dominus“, а значи „господар, господин“. Ова име е популарно во многу земји во светот. Познато е и по шпанскиот свештеник од 13 век, Свети Доминик, кој го втемелил католичкиот ред на доминиканците.

Вера

Иако името звучи словенско, потекнува од латинскиот збор „veritas“ што значи вистина. Убаво име за вашето девојче.

Емилио

Нова верзија на старото латинско име Аемилианус, а потекнува од латинскиот збор „противник“ што на името му дава одредена доза мажественост. Станува збор за име што е многу популарно во Италија и Шпанија.

Лара

Доаѓа од латинските зборови „lar, laris“, а тоа било име за римските куќни богови кои биле заштитници на домот. Затоа може да се каже дека ова име го носи значењето „заштитничка“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.