Тесен струк и широки колкови: Овој модел на панталони одлично ќе ви прилега и е апсолутен есенски хит!
Во тренд!
Ако имате ваква градба на тело, тогаш добро знаете колку е тешко да се најде совршен пар панталони
Речиси невозможно е да се најде модел што добро стои и што не мора да го носите во кројачки салон на прекројување.
Оваа градба на тело бара малку повеќе да се потрудите кога ќе одите во шопинг. За среќа, моделот што оваа есен ќе биде вистински моден хит е како кроен за жените со заоблени задници.
https://www.instagram.com/p/By0Nyl3CO8A/?utm_source=ig_embed
Моделот со малку пошироки ногавици и со многу висок струк е апсолутен моден погодок за постудените денови кои ни претстојат.
https://www.instagram.com/p/ByyECKDiqdP/?utm_source=ig_embed
Може да се најдат во разни бои и дезени, а дизајнерите велат дека не мора да внимавате со овој модел. Која боја и да ја одберете, ќе ги нагласите облините на најдобриот можен начин.
https://www.instagram.com/p/BuLO3cohXCL/?utm_source=ig_embed
Со овој „вреќест“ модел најдобро се комбинираат тесни маици или маички со гол стомак. Исто така, одлично стои со патики, но и со високи потпетици.
https://www.instagram.com/p/ByoLtJilmxF/?utm_source=ig_embed