Најкремастата и најслатката чоколадна бисквит-торта: Уживање што се приготвува за миг!

Сочна, кремаста и неодолива!

Лесен чоколаден десерт со совршена текстура и вкус

Состојки:

За долниот дел:

  • 350 г мелени бисквити (по можност чоколадни)
  • 100 г путер

За филот:

  • 350 мл слатка павлака
  • 400 г кисела павлака
  • 100 г шеќер
  • 200 г чоколадо

За глазурата:

  • 150 г чоколадо
  • 150 мл слатка павлака
Приготвување:

Прво стопете го путерот, а потоа сомелете ги бисквитите во блендер. Додајте ги мелените бисквити во стопениот путер и измешајте. На чинија ставете обрач со пречник од 26 см, па сипете ги бисквитите и путерот и со рака притиснете ги израмнете ги.

На тивок оган, на пареа или во микробранова стопете го чоколадото. Во претходно приготвениот бел фил додајте кисела павлака и шеќер во прав, па изматете со миксер.

Потоа изматете слатка павлака, измешајте ја со киселата и додајте ја во стопеното чоколадо, кое не мора да се олади, па повторно изматете го сето тоа. Истурете го сето тоа врз кората, израмнете, па ставете го во фрижидер половина час.

За тоа време, загрејте 150 мл слатка павлака, па додека е врела истурете ја врз здробеното 150 г чоколадо. Мешајте додека добиете глазура.

Прелејте ја врз филот, протресете ја малку за да легне убаво насекаде и ставете ја во фрижидер неколку часа. Потоа, само пројдете со влажен и тенок нож околу обрачот, па извадете го.

Тортата можете да ја декорирате со свежи малини или боровинки.

Добар апетит!

Најбрзата и најкремастата бисквит-торта со чоколадо: Неодоливо сочна и лесна, готова за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.