Крем од кајсии: Најубавиот летен десерт

Едноставно се подготвува а вкусот е неодолив

345

Во летните месеци најмногу ни одговараат летни и освежувачки десерти на база на овошје

Како и повеќето овошни десерти, така и овој може да се менува во зависност од вкусот. Така на пример, ако обичното млеко и павлака ги замените со млеко од соја или ориз, ќе добиете вистински нискокалоричен десерт кој ќе ги задоволи вашите потреби за благо.

Потребни состојки:
  • 3 поголеми праски
  • 8 кајсии
  • 2 децилитри млеко (може да користите и млеко од ориз)
  • 2 децилитри слатка павлака
  • 30 грама шеќер
  • сок од половина лимон
Начин на подготовка:

Измешајте ги млекото, павлаката и шеќерот и загревајте ги на тивок оган додека не се стопи шеќерот. Излупете ги праските и кајсиите, исечете ги на коцки и додајте ги во смесата, па загревајте со мешање уште 2-3 минути.

Тргнете ја смесата од оган и оставете ја да се излади. Додајте сок од лимон и добро изблендирајте во блендер. Ставете го кремот во чиниче или во чаша и послужете го ладен.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време