Колач со вишни и со пишкоти: Кремасто и сочно задоволство за цело семејство!

Десерт кој освојува

Ви носиме едноставен рецепт за совршен десерт кој ќе ве воодушеви со вкусот!

Состојки:
  • 700 г вишни
  • 16 лажици шеќер
  • 2 пудинга од малина или јагода
  • 2 пудинга од ванила
  • 900 мл вода
  • 160 г путер
  • 750 мл млеко
  • 450-500 г пишкоти
  • 2 лажици гриз
  • 2 дл слатка павлака
  • 200 г чоколадо за готвење
Приготвување:
  • Во лонец сипете 500 мл вода, 8 лажици шеќер и исцедени вишни.
  • Пудинзите од малина или јагода изматете ги во 2 дл вода и потоа додајте ги во лонецот со вишните.
  • Сварете го пудингот, па додајте 80 г путер, сето тоа добро измешајте го и варете го уште неколку минути додека се стопи путерот.
  • Подгответе сад со големина 28х28 см, па потопете ги пишкотите во ладно млеко и наредете ги на дното во садот.
  • Врз пишкотите со лажица рамномерно распоредете го кремот од пудинг и вишни.
  • Потоа, повторете ред со пишкоти, но овој пат не ги потопувајте во млеко.
  • Во лонец додајте 500 мл млеко и 8 лажици шеќер, а во друг сад разматете ги пудинзите од ванила во 2 дл вода и внатре додајте 2 лажици гриз.
  • Измешајте, па префрлете ги во лонецот со млекото.
  • Варете додека добиете пудинг, па додајте 80 г путер.
  • Пудингот прелејте го врз пишкотите.
  • Загрејте слатка павлака и во неа стопете го чоколадото за готвење.
  • Чоколадната глазура прелејте ја врз колачот и оставете го да се лади во фрижидер.
Чоколадни лазањи: Експресно брз колач без готвење и печење – веднаш ќе се вљубите во него!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.