Излезете како победници од секоја кавга: 7 едноставни трикови кои проверено функционираат!

Ќе биде по ваше

Дознајте како да ја разрешите вербалната караница во ваша корист

Сите ние некогаш сме се нашле во ситуација да се скараме со партнерот, пријателот, колегата или некоја друга личност. Караниците во врските се неизбежни, но важно е да бидете фер кога веќе се расправате. Постојат одредени трикови со чија помош секоја караница ќе ја свртите во ваша корист.

Потврдете ги чувствата на другата страна

Сите знаеме колку е тешко да се биде љубезен во текот на караница и да се зборуваат убави работи за личноста со која се расправате. Но најлесно можете да ја смирите ситуацијата ако ги потврдите чувствата на другата личност.

Можете да кажете „Разбирам зошто се чувствуваш така“ или друга верзија: „Секој би се чувствувал така во истата ситуација“. Кога ќе ги изговорите овие речници, напнатоста веднаш ќе попушти, бидејќи во повеќето случаи луѓето сакаат нивните проблеми да бидат слушнати и вреднувани.

Водете ја караницата како и секој друг разговор

Експертите се согласни дека квалитетната расправија е отворен разговор помеѓу двете страни. Немојте само да обвинувате и да навредувате. Слушајте што ви зборува другата страна. Ако му дозволите на вашиот партнер да се изрази без да го прекинувате, нема да дојде до гнев.

Не губете ги нервите

Најважно е да не ги губите нервите во текот на караницата. Иако тешко е да се остане со ладна глава, обидете се да бидете што посмирени. Ако почнете со гневен тон, ќе ја разлутите и другата страна и ќе ја разгорите караницата.

Располагајте со факти

Пред да се впуштите во караница, соберете ги сите релевантни факти. Во текот на расправијата не треба да приложувате неточни информации, бидејќи така ќе изгубите.

Одбегнувајте генерализации

Немојте да користите генерализации, бидејќи нема да победите во караницата на тој начин. Другата страна ќе биде многу фрустрирана ако ѝ префрлувате работи со речници како: „ти секогаш“ или „ти никогаш“.

Согледајте ги работите од нивна перспектива

Најдобриот начин да ја смирите ситуацијата во текот на караницата е да ги согледате работите од перспектива на другата личност. Тоа е единствениот начин да смислите контрааргумент кон нема цел да го понижи соговорникот, туку да го реши конфликтот.

Не обвинувајте

Луѓето во текот на караниците често напаѓаат со речениците: „Ти го направи ова, ти го направи она“. Поради тоа, имаат потреба да се бранат, а не да го решат проблемот. Наместо тоа, употребувајте „јас-реченици“ со кои ќе објасните зошто се чувствувате така како што се чувствувате, без да ѝ ја префрлате вината на другата страна. Ова навистина е мала, но ефективна лингвистичка тактика која носи големи резултати.

Едноставно ме полудуваш!: На што најмногу се жалат жените, а на што мажите кога се во љубовна врска?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.