Чоколадни лазањи: Експресно брз колач без готвење и печење – веднаш ќе се вљубите во него!

Совршенство од вкусови

Неговиот совршено кремаст и богат вкус во комбинација со лесната и брза подготовка е добитна комбинација

Состојки:

За долниот слој:

  • 300 г бисквити од какао
  • 100 г стопен маргарин
  • 100 мл млеко

За средниот дел:

  • 200 г крем-сирење
  • 50 г шеќер во прав
  • 200 мл слатка павлака

За чоколадниот дел:

  • 2 кесички пудинг од чоколадо без готвење
  • 500 мл млеко

За декорација:

  • 200 мл слатка павлака или шлаг
  • рендано бело и црно чоколадо, чоколадни топчиња
Приготвување:

Измешајте ги бисквитите и стопениот маргарин. Добро мешајте за секој бисквит да дојде во допир со маргаринот. Потоа, додајте го млекото, па повторно добро измешајте.

Во плех со димензии 30х20 см ставете ја смесата за кората, па притиснете со лажица.

Колачот слободно може да остане во плехот или ставете обрач за торти на чинија и потоа пригответе го колачот, па обрачот извадете го подоцна.

Кога ќе го притиснете бисквитот со лажица, веднаш почнете да го приготвување белиот дел. Крем-сирењето измешајте го со шеќер во прав. Посебно изматете ја слатката павлака. Измешајте го крем-сирењето и павлаката. Добиената смеса премачкајте ја преку делот со бисквити.

Веднаш пригответе го делот со пудинг. Измешајте прашок за пудинг и млеко, па изматете. Ставете насекаде по малку од пудингот и рамномерно распространете го.

Декорирајте ја чоколадната лазања и ставете ја да се лади, па послужете ја.

Добар апетит!

Без мерење и матење: Пригответе совршен колач од чоколадо и кокос за 30 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.