Домашни колачи: Ванилички со џем од јагоди

Слатко тесто

Традиционалните колачи со генерации се приготвуваат по проверените рецепти на нашите баби

Состојки:
  • 100 г маст
  • 100 г шеќер
  • 50 мл јогурт
  • 1 јајце
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 прашок за печиво
  • 250 г брашно
  • 1 пудинг од ванила

За полнење:

  • 350 г домашен џем од јагоди

За посипување:

  • 50 г шеќер во прав

Приготвување:

1. Во подлабок сад се мешаат јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, па се матат со жица.

2. Се додаваат омекнатата маст и јогуртот, па се мати со миксер.

3. Посебно се мешаат брашното, кокосот, прашокот за печиво и пудингот од ванила, па се додава во изматените состојки и се меси мазно тесто. Се става во фолија и се остава во фрижидер 30 минути.

4. Отстоеното тесто се сука со сукало во дебелина од 5 мм, па со помала чаша или тркалезен калап се обликуваат ваниличките. Се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, додека зацрвенат од долната страна.

5. По две ванилички се спојуваат со џемот од јагоди, а потоа се посипуваат со шеќер во прав.

Никој не може да им одолее на слатките десерти, па побарајте уште вакви рецепти во најновиот број на магазинот „Добра храна“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.