Следува период на големи промени: Обрнете особено внимание на овие датуми во септември

Астролозите предвидуваат

Следува период што ни носи позитивни промени

Септември е одличен месец за нови подвизи и за сумирање одредени резултати. Меѓутоа, бидете внимателни што и како правите. Добро размислете пред секоја одлука што ќе ја донесете.

За да ви ја олесниме работата, ви носиме список на активностите на планетите и деновите што се најпогодни за промени.

На 14 септември Меркур влегува во Терезија

Ова е период кога комуникацијата е во втор план. Обидете се со дела да ги докажете сите ваши досегашни тврдења. Што помалку зборови, а што повеќе дела – тоа подобро. Доколку сакате да докажете нешто, луѓето ќе ве ценат исклучиво во зависност од делата.

Исто така, на 14 септември Венера влегува во Терезија

Терезијата носи радост во нашите животи. Овој датум е одличен за започнување деловни соработки или ново поглавје во животот. Доколку планирате да стекнете некои нови вештини, овој ден е идеален за тоа. Терезијата воспоставува рамнотежа во нашите животи, па доколку почувствувате дека се’ е на свое место, Терезијата е главниот виновник за тоа.

На 18 септември завршува влијанието на ретроградниот Сатурн

По речиси 5 месеци престој во ретроградна фаза, Сатурн преминува во пасивна фаза. Овој период е одличен за акција. Сетете се на вашите ветувања и почнете да работите на нив.

На 21 септември Јупитер и Нептун се наоѓаат во исто соѕвездие

Оваа акција на планетите во вас ќе ја разбуди желбата за нови работи. Ќе ве поттикне да заземете ново гледиште на ситуациите во вашиот живот и да размислите за некои опции што досега категорично сте ги одбивале. Ова е период што ќе ви ги отвори очите и можеби ќе ве насочи кон некој сосема спротивен правец од оној што досега сте го следеле.

На 23 септември Сонцето влегува во соѕвездието на Терезијата

Искористете го овој период што ќе ве преплави со позитивна енергија. Времето е идеално за да го направите она што долго време сте го сакале, без разлика дали на професионален или на љубовен план. Овој ден се’ ќе ви оди од рака.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.