Десерт без печење: Брз колач од јогурт, бисквити и овошје!

Брз и вкусен рецепт

ФОТО: Shutterstock

За време на летните горештини, сигурно не ви се ни приближува до рерната, меѓутоа високите температури не ја намалуваат желбата за благо, па идеалното решение е колач што не се пече!

Состојки:
  • 1 килограм бисквити
  • 1 литар јогурт
  • 50 грама шеќер во прав
  • 500 грама измиени и исечени јагоди
  • 300 милилитри слатка павлака
  • маргарин или путер за премачкување на тепсиите
Приготвување:

1. Во поголем сад ставете ги издробените бисквити.

2. Прелејте ги со јогурт и промешајте.

3. Додајте го исечканото овошје.

4. Додајте шеќер во прав и сето тоа соединете го.

5. Плех, калап или тепсија со димензии 27 х 35 сантиметри премачкајте ги со маргарин или со путер.

6. Распоредете ја смесата во тепсија.

7. Изматете слатка павлака и премачкајте ја врз колачите.

8. Ставете го колачот во фрижидер, најдобро преку ноќ, за да омекнат бисквитите.

Доколку оваа количина ви е преголема, може да направите со половина мера. Користете овошје по желба и ако сакате повеќе овошје, слободно додајте.

Ако користите покисело овошје, може да додадете повеќе шеќер.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.