Вкусни и лесни пилешки ролнички: Совршен спој на протеини и витамини!

Одличен предлог за ручек

Овој рецепт е едноставен, брзо се приготвува и има вкус како од ресторан

Овој рецепт за вкусни пилешки ролнички е погоден и за почетници. Подготовката е едноставна, а ролничките можете да ги послужите со прилог или салата по избор.

Состојки:
  • 2 парчиња пилешко филе
  • сушен домат
  • 100 грама спанаќ
  • 100 грама фета
  • толчена пиперка
  • сол, бибер
  • маслиново масло

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете го тавчето со маслиново масло на средно силен оган. Исчукајте го пилешкото филе, така што ќе добиете тенки, рамномерни парчиња месо.

Измијте го и добро исцедете го спанаќот. На пилешкото ставете издробена фета, листови спанаќ и по две парчиња домат сушен на сонце. Завиткајте ги ролничките, по потреба прободете ги со чепкалка за да не се одмотуваат. Зачинете ги со сол и бибер и наросете ги со малку толчена пиперка.

Страната каде што се спојуваат ставете ја на врело масло и пропржете ги од секоја страна по две минути. Потоа префрлете ги во помал плех и печете ги уште 15 минути во загреана рерна. Послужете ги со прилог по избор или свежа салата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.