Чоколадна торта од чајни колачиња: Најбрзиот и наједноставен десерт

Превкусно

Доколку немате време за печење кори, филување и декорирање, ова е вистинскиот рецепт за вас – сите ќе бидат воодушевени од чоколадниот вкус

Состојки:
  • 700-800 г здробени чајни колачиња
  • 250 мл вода
  • 150 г кристален шеќер
  • 6 лажици какао во прав
  • 100 г ореви
  • 150 г путер
  • екстракт од ванила
За глазурата:
  • 120 мл слатка павлака
  • 100 г чоколадо за готвење
Приготвување:

Во тенџере загрејте вода и какао. Додајте шеќер, а потоа и ситно сечкани ореви и на крајот путер. Сето тоа стопете го на ниска температура и варете го 7 до 8 минути. Сипете ја смесата врз здробените чајни колачиња. Додајте екстракт од ванила. Префрлете ја во калап и одозгора прелејте ја со фил од слатка павлака и чоколадо. Декорирајте ја со ореви и оладете ја добро пред послужување.

Волшебна посна торта: Свечена, богата и сочна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.