Нутриционистите откриваат: Можете да престанете да јадете шеќер и маснотии, но и понатаму да се дебелеете – еве зошто!

Совети

Познати нутриционисти зборуваат за добрите избори во исхраната и за тоа како да ослабите

Лековите за слабеење, волшебните пилули и напивки што прекуноќ ги решаваат проблемите со вишокот килограми се нешто во кое добрите нутриционисти не веруваат. Според нив, диетите не смеат да се практикуваат без надзор од лекар и договор со него околу тоа која диета му годи на организмот.

Според нутриционистите, секој од нас треба да има силна волја и одлучност да ги исфрли оние работи од исхраната што не му годат, но и да го ограничи својот оброк.

„Можете да ги исфрлите од исхраната шеќерите и маснотиите, но да јадете големи оброци, па повторно ќе се дебелеете. Ако сипете две литри вода во шише од еден литар, ќе дојде до претекување. Така е и со човечкото тело. Без разлика колку здрава храна јадете, ако јадете обилно, ќе дојде до дебелеење“, тврдат лекарите.

За да се ослободите од кандида во цревата, докторите го предлагаат следново:

„Можете да пиете јаболков оцет, но и сок од зелка. Се ренда свежа зелка, па се потопува во вода и се остава 2 дена во фрижидер. По два дена, испијте ја таа вода. Таа ќе ви помогне да ја излечите кандидата.

Јаболков оцет се пие така што 2 супени лажици се сипуваат во 200 мл вода и тоа треба да се пие неколку пати во текот на денот.

Ако страдате од несоница, измешајте мед и јаболков оцет во еднакви количини и изедете го тоа пред спиење“, советуваат докторите.

Детоксицирајте го организмот, заштитете се од вируси: 6 причини зошто треба да вклучите прокељ во вашата зимска исхрана!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.