12 навики што откриваат човек пораснат во сиромашно семејство: Ова цел живот останува врежано во сеќавање!

Јасно како ден

Малкумина можат да се пофалат дека пораснале во добро ситуирано семејство

Дури и ако вашите родители имале краткотрајни финансиски проблеми, многумина се сеќаваат на тој период, кој останува длабоко врежан во сеќавањето. Ова се 12-те навики на луѓето пораснати во сиромашно семејство…

1. Постојана грижа за храната или нездрав однос кон храната

Луѓето што немале храна во изобилство, кога ќе пораснат ќе страдаат или од вишок килограми или од фобија дека никогаш нема да имаат доволно храна. Таквите луѓе обично јадат сѐ од чинијата (бидејќи во мозокот им е врежан фактот дека можеби утре нема да имаат што да јадат) или остатоците од ручекот ги јадат во наредните неколку дена. Ништо не се фрла.

2. Одложување „големи“ набавки

Луѓето што се бореле со лоша финансиска ситуација или пораснале во такво семејство, се водат по правилото „одложена набавка“. Тоа подразбира дека долго се размислува за купување дури и на неопходен апарат за во домот или нешто што подразбира поголем паричен трошок.

„Еднаш купив телевизор кој имаше разумна цена, но во тој момент не ми беше неопходен. Неколку дена го ’меркав’ и пресметував за на крајот сепак да го купам. Пријателот ме убедуваше дека тоа се добро потрошени пари, но јас имав чувство дека сум изгубил нешто, како да бев болен“, раскажал еден маж.

3. Ирационален страв од губење на работата

Овој страв го имаат само луѓето кои пораснале во семејство што било на раб на сиромаштија. Во таквите семејства се подразбира дека губењето на работата значи и дека можеби нема да преживеете без приходи. Поради тоа луѓето се подготвени да работат за малку пари и да трпат сѐ и сешто, само за да не останат без плата.

4. Начинот на кој ги држите вашите работи

Луѓето кои пораснале во сиромашни семејства, своите работи, како шолјата за кафе, чантата, тефтерот, телефонот и слично, ги држат цврсто со цела дланка, многу близу до себе, како некој да ќе им го земе она што им припаѓа. Продавачите и менаџерите, врз основа на говорот на телото, можат да заклучат во какво семејство сте пораснале.

5. Веруваат во чуда

Луѓето кои пораснале во сиромашно семејство веруваат дека можеби ќе добијат на игрите на среќа. Поради тоа се надеваат, се молат и често играат лото и слично игри. Оние што пораснале во богати семејства, немаат таков однос кон чудата.

6. Сѐ прават сами

Луѓето кои пораснале во посиромашно семејство добро знаат да прават многу различни работи: ситни поправки во домот, потстрижување, бојосување, готвење, шиење и слично. Оние што пораснале во побогати семејства никогаш немале можност да прават такви работи.

„Кога се оженив, ја прашав сопругата каде ни стојат иглата и конецот. ’Што ќе ти е тоа?’, ме праша. ’Да ги сошијам чорапите’, кажав. ’Фрли ги и немој да се срамиш’, ми кажа. Таа има пораснато во богато семејство за разлика од мене. Ми беше срам да ѝ кажам дека знам да залепам и чевли“, раскажал еден маж.

7. Ништо не се фрла

Луѓето кои знаат колку е тешко да се заработат пари и да се купи нешто, не фрлаат ништо. Износената облека не ја фрлаат, туку ја носат по дома, кога ќе се истроши, ја носат на село, по ниво, кога не е ни за работа во бавча, ја сечат и со тие крпи бришат прашина.

8. Трошат време наместо пари

Една од најизразените карактеристики на сиромаштијата е мислењето дека парите се повредни од времето. Како резултат на тоа, луѓето се смрзнуваат на автобуски постојки наместо да си викнат такси. Со часови готват наместо да нарачаат храна од ресторан и слично.

9. Паника на каса во продавница

Никако не можат да се ослободат од стравот дека нема да имаат доволно пари за да ја платат сметката на каса. Иако имаат доволно пари на сметка во банка, стресот од тоа дали трансакцијата ќе им биде одбиена, секогаш постои.

10. Плаќање на рати

Стравот од тоа што ќе им го донесе иднината, повеќето луѓе ги тера да плаќаат на рати, па дури и ако на крајот тоа поскапо ги чини. Износот поделен на рати некако им изгледа помалку застрашувачки.

11. Сами се лекуваат

За нив парите се повредни од здравјето, па во состојба се со месеци да не одат на итен стоматолошки преглед. Сѐ што можат да излечат со народни лекови, така и го лекуваат, само за да не дадат пари и да одат на доктор.

12. Не знаат да прифатат подарок

Постојано се претпазливи. Се чувствуваат како некому нешто да му должат и кога некој ќе им подари нешто, мислат дека тоа има скриен мотив.

6 навики што носат беда во вашиот живот: Поради нив не можете да се извлечете од сиромаштијата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.