„Белиот ангел“ е најбараната торта меѓу домаќинките: Не се пече, се приготвува за миг, а се топи в уста!
Неодолива!
Таа е кралица на секоја трпеза, а особено е идеална кога ќе ви се најават неочекувани гости
„Белиот ангел“ е торта што маѓепсува со вкусот, а воопшто нема да се измачите за да ја приготвите. Корите не се печат, а филовите се приготвуваат за миг. Се топи в уста, бидејќи е исклучително кремлива, и бидете сигурни дека нема да можете да изедете само едно парче!
Состојки:
- 1 пакување кори за розен-торта
- 1 л млеко
- 4 кесички пудинзи од ванила
- 200 г бело чоколадо
- 12 лажици шеќер
- 100 г млеко во прав
- 370 г путер
- 500 г слатка павлака
- 4 чаши кисела павлака
Приготвување:
Во млекото додајте пудинг и шеќер, па загревајте го со непрекинато мешање, додека се згусне. Потоа, додајте 100 г бело чоколадо и загревајте со мешање, додека се стопи. Покријте ја смесата и оставете ја да се олади. Додајте путер и млеко во прав, па добро изматете. Ситно исечкајте го преостанатото чоколадо и додајте го во филот, па промешајте.
Изматете ја слатката павлака со киселата и филувајте ја тортата. Редете кора, па фил од пудинг, па фил од шлаг, па кора и така додека го потрошите материјалот. Завршете со кора, која ќе ја премачкате со тенок слој шлаг.
Коментарите се заклучени.