Најголемиот заводник е „жив оган“ на плажа: На жените им паѓаат вилиците кога ќе го видат, а на мајката на неговото дете ѝ приредил ШОК!

Орландо Блум

Новите фотографии од Орландо Блум на плажа во Кан ги полудеа жените

Познатиот британски филмски актер и женски миленик, 46-годишниот Орландо Блум, е доказ дека годините се само бројка. За време на неговиот престој во хотелот Eden Roc Cap d’Antibe во Кан во Франција, го покажал атрактивното тело и стомачните мускули и привлекол големо внимание.

Женскиот заводник како да пронашол еликсир за младост, а многумина коментираат дека никогаш не изгледал подобро.

Орландо Блум бил во Кан на 76. Филмски фестивал за да го промовира својот нов филм Gran Turismo, што ја раскажува вистинската животна приказна на Јан Марденборо, млад гејмер кој станал професионален возач на трки во 2011 година, освојувајќи го третото место на GT Academy, како најмладиот кој успеал во тоа на само 19 години. Филмот ќе биде официјално објавен и прикажуван во кината од 11 август. Блум се појавил и на премиерата на филмот на „Дизни“ Elemental, а тоа воедно било и церемонијата за затворањето на годинешниот Кански филмски фестивал.

Инаку, актерот отсекогаш привлекувал внимание со интересниот љубовен живот. Во 2011 година добил син Флин со тогашната сопруга Миранда Кер, со која се развел во 2013 година, а од 2019 година е свршен со американската пејачка Кејти Пери, со која има ќерка. Интересно е што тие две биле пријателки, а тој факт покренал лавина коментари.

Познато е дека помеѓу пејачката Кејти Пери и Миранда Кер во ниту еден момент немало лоша енергија, дури и кога го критикувале актерот дека преминал „од коњ на магаре“ и го прашувале „дали има очи“, откако започнал врска со пејачката.

„Толку сум среќна што Орландо и Кејти се најдоа и толку сум благодарна што го најдов мојот неверојатен сопруг и што сите меѓусебно се почитуваме. Кога ќе дојде време заедно да мораме да ги решаваме проблемите, секогаш наоѓаме компромиси и го правиме тоа што е најдобро за нашето семејство“, рекла еднаш Миранда и еднаш засекогаш ставила точка на сите претпоставки дека не ја поднесува новата партнерка на својот поранешен сопруг.

И покрај тоа што важи за еден од најголемите фраери во Холивуд, многумина коментираат дека не може да задржи ниту една жена покрај себе.

На 19 години доживеал несреќа и сè било неизвесно: Орландо Блум за најмрачниот период од животот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.