Мени за диета што ги топи килограмите за рекордно време: Принципот е многу едноставен и јасен, а резултатите се фасцинантни

Диета со постење

Ви носиме мени за диета со постење што дава неверојатни резултати

„Фастинг“ диетата стана многу популарна, а тоа не е без причина. Имено, многумина тврдат дека гарантира резултати, а не е комплицирана.

Оваа диета се состои од принципот 16:8, што подразбира дека 16 часа во денот не јадете, додека осум часа храната е дозволена. Иако 16 часа гладување изгледа страшно, имајте на ум дека половина од тој период можете да го преспиете.

Мени за диета со постење

Периодичното постење е одобрено и од страна на нутриционистите и нивна дополнителна препорака е два оброка во периодот за јадење. Ако морате, може да има и три оброка. Се советува храната да биде свежа или многу малку термички обработена.

Појадок во 10.00

  • едно средно киселкаво јаболко
  • 50 г овесни снегулки
  • 20 г јаткасти плодови по желба

За оние што претпочитаат пообилен појадок

  • 3 помали јајца (варени или испржени на неколку капки масло)
  • сезонска салата со краставица и домати
  • едно парче интегрален леб

Ручек околу 16.00

  • пилешка салата со тестенини
  • тортилја со зеленчук
  • какви било мешунки (грашок, грав, боранија, леќа, како и печурки) – мешунките се полни со протеини и се исклучително хранливи.

Вечера околу 18.00

  • корнфлекс со јогурт
  • свеж зеленчук, каква било салата од краставица, домати, зелка, карфиол…
  • овошје: јаболка, малини, една банана

Кога станува збор за периодичното постење, покрај здравата и сирова храна во вид на свежо овошје и зеленчук, се препорачува и да се пијат што повеќе течности.

Кога ќе ве фати криза и би сакале да изедете чоколадо, смоки или чипс, сварете си чај, изедете грст ореви (здрави грицки) или едно јаболко. Можеби ќе ви биде тешко, но резултатот ќе ви донесе задоволство.

Мeјо-диетата постои веќе 70 години, а сè уште е најпопуларна: 14 дена и 10 килограми помалку
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.