На 19 години доживеал несреќа и сè било неизвесно: Орландо Блум за најмрачниот период од животот

Трауматично

Орландо Блум ретко зборува за својот приватен живот, а по повод Светскиот ден на менталното здравје сподели досега непознати случки од младоста.

Орландо Блум, кој ја освои публиката прво како Леголас во „Господарот на прстените“, а потоа стана ѕвезда на „Пиратите од Карибите“, раскажа за најстрашното искушение низ кое морал да помине, и тоа не само физички туку и психолошки.

Кога имав 19 години, паднав од третиот кат, од прозорецот, и го скршив ‘рбетот. Имав голема среќа што го преживеав падот и што ‘рбетниот мозок ми беше недопрен. Во првите четири дена ми кажаа дека можеби никогаш повеќе нема да одам, ја започна приказната славниот актер.

Месеците кои следеле биле исклучително стресни за Орландо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICEF (@unicef)

Тоа за мене навистина беше почеток на долгиот и болен пат кон препознавање и разбирање на некои шаблони кои беа во мојот живот, кои ме доведоа до многубројни несреќи, а кулминација беше кршењето на мојот ‘рбет, што беше скоро смртно искуство, вели актерот.

Блум беше подложен на операција на ‘рбетот пред да почне со процесот на закрепнување.

Би рекол дека месеците по падот беа доста мрачно време. Како некој кој отсекогаш бил многу активен, одеднаш се почувствував многу рестриктивно и имав силни болки, беше искрен Блум.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.