Овој збор не е секогаш магичен: 10 работи поради кои никогаш и никому не смеете да му се извинувате!

Запомнете!

ФОТО: Pixabay

Прочитајте кои работи воопшто не треба да им ги објаснувате на другите луѓе

Секој човек понекогаш се извинува иако не го мисли тоа, но околината го уверува дека така треба.

Некогаш премногу се извинуваме, бидејќи мислиме дека тоа е пристојно, но и кога ни е важно нечие мислење. Сепак, постојат ситуации кога извинувањето е непотребно и неприфатливо.

Не треба да се извинувате:

  • За степенот на вашето образование, бидејќи тоа е исклучиво ваш избор и лична работа.
  • За вашите политички и верски ставови. Секој од нас има право на свое мислење и верување, а тоа треба да се почитува.
  • Кога ќе завршите добра работа или освоите прво место на некој натпревар. Никогаш ама никогаш не им се извинувајте на другите поради успехот што сте го постигнале.
  • За туѓи постапки. Без разлика дали се работи за член од семејството, пријател или колега, секој е одговорен за своето однесување.
  • За вашиот изглед. Тоа се однесува и на стилот на облекување, начинот на шминкање, или, пак, бојата на коса. Вашиот изглед е само ваша работа.
  • Кога сакате да бидете малку сами. Секому му треба понекогаш да биде сам со себе и со своите мисли.
  • Кога не се согласувате со нечие мислење. Искажувањето на својот став и начинот на размислување, идеалите и вредностите на пристоен начин, никогаш не е погрешно.
  • За вашите приоритети. Без разлика дали другите луѓе ги сметаат за безначајни и не го разбираат вашиот избор, ако вам ви е важно, тоа е ваш приоритет.
  • Ако не го знаете одговорот. Секој човек учи додека е жив и никој не е толку паметен за да ги знае одговорите на сите прашања. Храбро е да признаете дека не знаете нешто.
  • Кога плачете или ви се плаче.

ФОТО: Pixabay

Исто така, многу е важно да научите како да кажете НЕ!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.