Божествен десерт: Кокосова торта со чоколадо

Ќе останете без зборови

Ако не можете да му оделеете на слаткото, одберете домашно!

Состојки:

За полнење:

  • 1 л млеко
  • 1 пудинг со вкус на слатка павлака
  • 60 г густин
  • 8 полни лажици шеќер
  • 2 ванили
  • 100 г кокос
  • 10 г желатин во гранули
  • 200 мл слатка павлака

За корите:

  • 6 белки
  • 180 г шеќер
  • 30 г екстра бело брашно
  • 30 г густин
  • 30 г какао
  • 3 лажичиња прашок за печиво
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици рум

За премачкување на корите:

  • 150 мл слатка павлака
  • 100 г чоколадо
  • За декорација:
  • 300 мл слатка павлака

Приготвување:

Полнежот:

1. Во 100 мл млеко се мати желатинот и се остава да набабри.

2. Посебно во 200 мл се матат пудингот и густинот. Остатокот од млекото се сипува во тенџере, се додава шеќерот и се вари додека зоврие. Се додава изматената смеса со пудингот и се продолжува да се вари додека се згусне.

3. Во сварениот полнеж се ставаат кокосот и желатинот. Слатката павлака се мати во цврст шлаг и се додава оладениот полнеж.

Корите:

1. Се матат 2 белки во цврста пена, со постепено додавање 60 г шеќер.

2. Во снегот од белките се додава по една лажица млеко, масло и рум, со непрекинато матење со миксер.

3. Посебно се соединуваат 10 г какао, густинот и екстра белото брашно со 1 лажица прашок за печиво, па со црпалка се става во смесата од белки.

4. Тркалезен калап со размер 24 см се обложува со хартија за печење и во него се сипува смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 180°С, околу 15 минути. На истиот начин од преостанатиот материјал се печат уште две кори.

5. Слатката павлака се загрева до точка на вриење и се прелева преку искршеното чоколадо, па се меша додека се растопи. Со преливот се премачкуваат корите и се чека да се зацврсти глазурата.

Финална постапка:

1. Првата кора се враќа во калапот и се премачкува со третина од полнежот. Се нанесува втората кора и по неа се распоредува другата третина од полнежот. Се преклопува со третата кора и се премачкува со остатокот од полнежот.

2. Откако тортата ќе се зацврсти, се премачкува со шлагот од слатка павлака.

Извор: Добра храна

Пробајте ја и оваа торта со грешка од 4 состојки која е еден од најпопуларните десерти во Италија веќе 100 години!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.