Како месото секогаш да ви биде сочно и меко: Готвач открил неверојатен трик, само 1 состојка ќе направи чудо!

Совет на денот

Готвачите откриваат која состојка може да ви помогне месото да ви биде меко и сочно – сите ја имаме дома

Корисните својства на содата бикарбона се надалеку познати во кулинарството, но ако не сте знаеле досега, одлично помага и за омекнување на месото. Содата бикарбона е одличен сојузник кога станува збор за кое било месо.

Мелено и обично месо

„На 450 г мелено месо, додајте една четвртина лажиче сода бикарбона и оставете го така месото 15 минути пред да го готвите“, советува готвачката и авторката на кулинарски теми, Сара Тане.

„Меленото јунешко месо во текот на печењето испушта многу течности, па тешко е да се постигне убава карамелизација и потпеченост на месото. Некои готвачи го решаваат тој проблем така што го печат меленото месо во помали количини, но трикот со сода бикарбона го решава овој проблем“, вели Сара.

Трикот е во тоа што повисоката pH-вредност на содата бикарбона го спречува врзувањето на протеините, а со самото тоа и губењето на течноста.

„Покрај со јунешкото, овој трик би требало да функционира и со мисиркино, пилешко, јагнешко месо, па дури и со колбаси“, открива Сара.

Сè што треба да направите е да ја истриете површината на месото со сода, која ќе ја подигне неговата pH-вредност и ќе го спречи стврднувањето на протеините при термичката обработка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.