Селма Хаек тврди дека поради ова не ѝ треба ботокс: „Користам билка што расте насекаде околу нас“

Дознајте повеќе

Таа моментално е омажена за најбогатиот човек на планетата, сите можни третмани ѝ се на дофат, но таа тврди дека само една билка е доволна за да се забави стареењето

Селма Хаек донела екстракт од едно стебленце во американска лабораторија, а експертите, кои го потврдиле тоа што го кажала актерката, останале шокирани. Актерката тврди дека не ѝ треба ботокс, туку само таа една билка.

Холивудската актерка Селма Хаек (56) во една пригода открила дека нејзиниот младешки изглед се должи на тајна состојка.

„Користам екстракт од кората на стебленцето на мимоза тенуифлора, кој во Мексико се користи за лечење изгореници, бидејќи комплетно ја регенерира кожата“, открила таа за магазинот „Ел“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)


Мексиканско-американската актерка го донела екстрактот во една лабораторија во Соединетите Американски Држави, бидејќи, како што вели, тука никој не го користи.

Научниците се шокирале од позитивните резултати.

„Се прашуваа како е возможно никој да не го користи. Поради ова немам потреба за ботокс ниту за филери“, заклучила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)


Познатата актерка отсекогаш воодушевувала со својот совршен изглед на црвениот килим и никогаш немала проблем да биде видена во јавност без шминка.

Кога вели за билката дека „расте насекаде околу нас“, Хаек сепак мисли на својата родна Јужна Америка, бидејќи билката не расте природно во Европа. Со изгледот потсетува на папрат, а има и халуциногени својства.

ФОТОГРАФИИ НА САЛМА ХАЕК во костим за капење предизвикаа КОЛАПС НА ИНСТАГРАМ: „Јас сум стрејт-жена која е заљубена во тебе 20 години, старееш наназад“ (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.