ФОТОГРАФИИ НА САЛМА ХАЕК во костим за капење предизвикаа КОЛАПС НА ИНСТАГРАМ: „Јас сум стрејт-жена која е заљубена во тебе 20 години, старееш наназад“ (ФОТО)

Се согласувате?

Актерката ја споредуваат со сирена, а коментарите се посебна приказна…

Актерката Салма Хаек воодушеви и збуни многумина на Инстаграм со објавувањето слики во костим за капење. Причините за воодушевеноста се јасни, а многумина се збунија помислувајќи дека се работи за стари фотографии. Сепак, ова се нови фотки, покрај кои Салма напиша дека пливањето во океан ја регенерира.

Серијата слики, вклучувајќи го и видеото, доби повеќе од 1,3 милиони лајкови за осум часа. Салма претходно на црвениот тепих откри дека многу ослабела, па ја коментарираат дека сега е во топ-форма. Со тоа се согласува и Џесика Алба, која со ентузијазам ги коментирала овие фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Според некои, сликите се за насловната страница за костими за капење на Sports Illustrated,

Спектакуларна сирена“, велат на Инстаграм, а меѓу коментарите е и следната порака: „Јас сум стрејт-жена која е заљубена во тебе повеќе од 20 години, старееш наназад“.

„Убава и величествена“, пишува во друг коментар.

Многумина се изненадени што Салма има 56 години, но таа убедливо ги урива предрасудите за женската убавина и старост.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.