7 моќни намирници што ефикасно ги прочистуваат крвните садови од маснотии: Снижете го холестеролот на природен начин!

Совети од стручњаци

Многу е важно како се храниме, бидејќи одредени намирници можат да ви бидат одлични сојузници во борбата против холестеролот

Холестеролот предизвикува бројни проблеми во организмот што можат да го нарушат здравјето. Поради брзото темпо на живот, сè повеќе млади луѓе се соочуваат со појава на маснотии во крвта, па ситуацијата е алармантна. Затоа, многу е важно да внимавате што внесувате во телото. Одредени намирници може да ви бидат одлични сојузници во прочистувањето на крвните садови, преполни се со витамини и минерали и нудат разни позитивни придобивки.

1. Ленено семе

Алфа-линоленската киселина во лененото семе го лечи високиот крвен притисок и воспалението на затнатите крвни садови. Овозможува нормален проток на крвта и правилно распоредување на кислородот и нутриентите неопходни за нормална функција на органите. Консумирајте 2-4 лажици мелено ленено семе секој ден, можете да го додавате во овесна каша, салата, чорба или кашест сок.

2. Морски алги

Полни се со минерали, протеини, каротеноиди и антиоксиданси. Тоа е сè што му треба на нашиот организам за да ја одржи добрата функција на целото тело. Алгите помагаат во снижувањето на крвниот притисок и прочистувањето на крвните садови.

3. Ѓумбир

Компонентите во ѓумбирот позитивно влијаат врз крвотокот и ја подобруваат циркулацијата. Ѓумбирот може да го намали постоечкиот плак и да го прекине неговото понатамошно таложење. Сипете лажица исчистен и исечкан ѓумбир во 2 дл зовриена вода. Оставете го чајот да отстои 5 минути и процедете го. Засладете го со мед. Пијте го чајот три пати дневно, по секој оброк.

4. Домат

Ако сакате здраво срце, јадете домат кога му е сезона. Ова овошје е богато со ликопен, а тоа е силен антиоксиданс. Најдоброто нешто кај доматот е неговата сестраност: можете да го јадете како салата, во супа или чорба, но и потпечен во рерна со пиперка и модар патлиџан.

5. Туна или лосос

Маснотиите од сината риба содржат аминокиселини со неверојатни корисни состојки. Секако, станува збор за омега 3 масните киселини, кои помагаат да се балансираат нивоата на холестерол и триглицериди во крвта.

6. Хелда

Го снижува притисокот и спречува атеросклероза. Успешно ги прочистува крвните садови, па со самото тоа ја подобрува и циркулацијата. Го намалува нивото на шеќерот во крвта, а го покачува нивото на хемоглобин. Прелејте лажица хелдино брашно со 180 мл кефир, добро промешајте и оставете ја во фрижидер да преноќи. Изедете ја смесата наутро, половина час пред јадење. Применувајте го овој третман во период од 14 дена.

7. Соја

Изофлавоните, кои се дел од нејзиниот нутритивен состав, значајно го снижуваат холестеролот во крвта и триглицеридите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.