Младиот актер Сент Ван Колучи починал откако во рок од една година на себе направил десетина естетски операции.
Имено, тој направил се за да изгледа како Џимин, пејач од корејската поп-група БТС.
Ван Колучи починал рано утрото во неделата на 22 години во болницата во Јужна Кореа поради компликации настанати после последнтие зафати, рекол неговиот пиар за „Дејли Мејл“.
View this post on Instagram
Актерот во саботата заминал на операција, овојпат да ги отстрани импланти кои ги ставил минатиот ноември.
После операцијата, за која очигледно знаел дека е ризична, Ван Колучи добил инфекција и на крајот морам да биде интубиран – пишува „Page Six“.
Тој починал неколку часа подоцна…