5 совети за шминкање за девојки со сини очи

Постигнете го посакуваниот ефект

Денес, можностите и идеите за шминкање се неограничени, но сепак постојат некои правила што треба да ги следите доколку не сакате да добиете спротивен ефект.

Вистина е дека не сите стилови и бои се исти за секого, па затоа пред да одлучите да копирате изглед, размислете што најдобро ја истакнува вашата природна боја и форма на вашите очи, што одговара на вашиот тен итн. Овој пат откриваме неколку правила за оние со сини очи:

Ако сакате да ги потенцирате

За да направите сините очи да изгледаат уште подобро, поистакнати, а изгледот поотворен, изберете топли бои и комплементарни нијанси на портокалова боја – нијанси на бакар, корал или бронза.

Ако сакате да постигнете интензитет

Ако сакате да го зголемите интензитетот на сините очи, изберете бои што одговараат на нив. На пример, темносина, светлосина, тиркизна, сива или сребрена боја.

Ако сте повеќе за поприроден изглед

За сите оние кои сакаат природен изглед, експертите предлагаат мат нијанси на кафеави сенки – во овој случај, изберете ја онаа што најдобро одговара на вашиот природен тон на кожата.

Ако сакате малку подраматичен изглед

Сакате ефект на зачадени очи? Црни зачадени очи, за жал, секогаш изгледаат пренагласено на сините очи, па не е ни чудо што девојките со сини очи често носат кафеава верзија на техниката „smokey eyes“. Кафените нијанси ќе се вклопат подобро со природната боја на очите, а покрај тоа ќе добиете и поприроден ефект. И еднаков драматичен интензитет.

Ако сте за понежен изглед

Девојките со сини очи можат да изгледаат романтично и нежно само ако сакаат. Обидете се да ја направите вашата шминка полесна и да се потпрете кон посветли нијанси, да ја следите природната боја на вашите очи. Со други зборови, нежни розови тонови на усните, руменило во нијанса на праска или кајсија на образите, и зошто да не сина маскара?

Прочитајте и: На овој начин можете совршено да нанесете течен кармин кој ќе трае цел ден

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.