Похувано пилешко месо од рерна

Со прилог од вкусен компир

Нашиот предлог за ручек за утрешното мени се сочни пилешки шницли печени рерна, кои се поздрави од пржените. За приготвување на јадењето, наместо пилешко, можете да користите мисиркино бело месо. Добар апетит!

Состојки:
* 500 г пилешко бело месо
* 150 г инстант снегулки за компир-пире
* 50 г рендан пармезан
* 1/2 лажиче лук во прав
* 300 мл јогурт
* 2 чешниња лук
* 500 г компири
* 1 лажиче пипер
* црн пипер
* сол
* масло

Приготвување:
1. Пилешкото бело месо се сече на шницли, се посолува и запиперува по желба.
2. Во чинија се соединуваат снегулките за компир-пире, ренданиот пармезан и лукот во прав, па добро се меша.
3. Во посебна чинија се соединуваат јогуртот и пасираниот лук.
4. Пилешките шницли се макаат во смесата од јогурт, а потоа се валаат во мешавината од компир, лук и пармезан.
5. Тепсијата се обложува со хартија за печење и се намрсува. Во неа се редат шницлите и одозгора се попрскуваат со остатокот од смесата од јогурт. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека заруменат шницлите.
6. Компирите се лупат и се сечат на резанки, се посипуваат со пипер, се намрсуваат и се зачинуваат по желба. Добро се мешаат и се префрлаат во тепсијата. Се печат додека омекнат.
7. Печеното пилешко месо се послужува со прилогот од компири.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.