Чорба со карфиол за 5 лица

Закрепнете со чорба

Готова за 35 минути! На истиот начин можете да приготвите и чорба од брокули

Вкусните јадења од тенџере со изобилство зеленчук и со додаток од месо може да ви го отворат апетитот или дури и да ви го заменат главниот оброк.

Состојки: • 2 моркова • 1 лажица гриз • 1 помала главица карфиол • 1 лажица оцет • 1 јајце • 100 мл млеко • 2 лажици сечкан магдонос • 150 мл јогурт • црн пипер • масло • сол

Приготвување:

  1. Карфиолот се чисти од коренот и надворешните листови, па се кине на цветови. Се става во тенџере и се налева вода, се додава една лажица оцет и се вари додека омекне.
  2. Откако ќе омекне карфиолот, се цеди вишокот течност и се гмечи со виљушка, а водата од варењето се чува.
  3. Морковите се лупат и се рендаат на крупно, па се пржат во тенџере на малку масло, да омекнат. Се додава една лажица гриз и се пржи 1 минута, со непрестајно мешање.
  4. Се става карфиолот, па постепено се сипува супата што преостана од варењето на карфиолот, додека се добие посакуваната густина.
  5. Јајцето се мати со малку млеко и се става во чорбата. Се додава магдоносот и се зачинува по желба.
  6. Готовата чорба се трга од ринглата и во неа се додава јогурт.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.