Кралицата на јапонските градини постои и во овој облик: Величествен украс на секоја градина!

Нежното дрво хортензија

Дрвото хортензија е цвет кој фасцинира со својата убавина и грациозност

Компактната грмушеста хортензија (Paniculata limelight) има исправени гранки и може да порасне до два метра. Цветовите се тркалезни, бели, бујни и крупни, како кај обичната хортензија, со цврсти стебленца, а во подоцниот цут, добиваат светлорозова нијанса.

Најдобар период за садење млади хортензии е периодот од крајот на април до почетокот на јуни, бидејќи тогаш топлото време е попостојано. Топлината, влагата и отсуството од екстремни горештини се оптималните услови за успешна адаптација на дрвенестата хортензија.

https://www.instagram.com/p/B1vTmw8iJ1F/?utm_source=ig_embed

При садењето грмушки хортензија треба да се земете предвид дека претставниците на родот хортензија живеат многу долго и треба да им се најде мирно подрачје каде што ќе растат во наредните 15-20 години и ќе можат да пуштат корени.

https://www.instagram.com/p/B0InmLVnx58/?utm_source=ig_embed

Hortenzia Limelight многу добро поднесува ладовина, дури и во време на цутење, но ќе ѝ годат и интервали на сончева светлина, така што треба да размислите на кое место ќе ја посадите. Исто така, внимавајте местото на кое ќе ја посадите да не е изложено на директен провев и ветер, што може да ѝ пречи.

Хортензијата сака многу вода. Па така, земјата во која расте мора да биде многу добро хидрирана во текот на целата сезона. На почетокот особено ќе ѝ треба обилно полевање.

https://www.instagram.com/p/B1JHOIHCyGh/?utm_source=ig_embed

Додека цути, хортензијата треба да се поткаструва навреме, бидејќи грмушките може да станат многу густи, па новите цветови нема да можат да се пробијат. Пролетното поткастрување ќе го поттикне растот на нови пупки, а со тоа ќе добиете и побујно и пораскошно растение.

Хортензијата цути цело лето, а наесен почнува да ја менува бојата, така што ќе можете да уживате во нејзината убавина поголемиот дел од годината.

Кралски цвет што го смирува умот: Мора да го имате ова цвеќе на балконот или во градината!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.