Фактот што одделни рецепти настанале многу одамна и што успешно се зачувале до денешен ден, кажува повеќе од зборови! Ви претставуваме еден старински рецепт, кој дефинитивно ќе ви се допадне. Пробајте го!
Состојки:
- 2 главици црвен кромид
- 4 чешниња лук
- 4 јајца
- 500 г мелено јунешко месо
- 2 домата
- 100 мл јунешка супа
- 1 лажица мелен пипер
- црн пипер
- 1 лажица маст
- сол
Приготвување:
Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се сече што поситно.
Во поплитко тенџере или тава се растопува маста, па се додаваат црвениот кромид и лукот. Се пржи со постојано мешање, додека омекне кромидот и стане стаклест.
Се додава меленото јунешко месо и се пржи додека ја промени бојата. Потоа се динста со долевање помалку јунешка супа, додека месото омекне, а вишокот течност изврие.
Потоа се додаваат мелениот пипер и доматите, претходно исечени на коцки. Се зачинува по желба и се динста уште десетина минути, со постојано мешање, додека омекнат доматите.
Во филот од месо се прават четири вдлабнувања и во нив се крши по едно јајце. Се намалува температурата, па јадењето се поклопува и се пече уште неколку минути, додека јајцата бидат готови.
Текст: Добра храна