Совршен оброк за оние кои постат! Компири со зеленчук во рерна!

Вкусно, здраво и евтино јадење...

Едно од наједноставните и највкусните јадења што можете да го приготвите за време на велигденските пости се посните компири со зеленчук печени во рерна.

Топло ви препорачуваме да го подготвувате ова јадење во текот на целата година, не само за време на постот, бидејќи е вкусно и здраво. Изобилството од зеленчук ќе го снабдува вашето тело со вредни витамини, минерали и антиоксиданси. Можете да додадете различни видови зеленчук и зачини по ваша желба. Што и да ставите, не можете да погрешите.

Состојки:

500г компири
1 сладок компир
1 цвекло
2 моркови
2 пиперки
1 тиквичка
1 голем домат или 4-5 чери домати
1 главица кромид
1 главица црвен кромид
3 чешниња лук
2-3 гранчиња рузмарин
сол и бибер по вкус
маслиново масло
половина лажичка мелен коријандер
прстофат мелена лута пиперка
малку суво оригано
други зачини по желба

Подготовка:

  • Измијте, излупете и исечкајте ги компирите, слаткиот компир, кромидот, цвеклото и црвениот кромид.
  • Излупете ги и исечете ги морковите и тиквичките на кругови. Излупете го лукот и изгмечете го со нож. Измијте ги и исечете ги доматите на парчиња.
  • Измешајте го зеленчукот, солта и биберот. Додадете коријандер, лута пиперка. оригано и други зачини по желба.
  • Обложете го садот за печење или тепсија со хартија за печење. Наредете го зеленчукот и одозгора ставете ги гранчињата рузмарин. Намачкајте го зеленчукот со маслиново масло.
  • Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 35 минути додека не омекне целиот зеленчук. Послужете топло со сезонска салата.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.