Модна утка на Адријана Лима: Не ѝ помогнаа ни извајаните стомачни, ни суперфризурата (ФОТО)

Што мислите вие?

Адријана Лима се појави на доделување на наградите Footwear News Achievement кои се одржаа неодамна во Њујорк, и слободно можеме дакажеме дека не се прослави.

Поранешниот ангел на „Викторија сикрет“, за кој обично велиме дека изгледа толку добро што не е важно што ќе облече, сега сепак претера.

Адријана избра црн костум, кој го потпишува њујоршкиот бренд АРЕА, а на неа изгледаше како да и’ е мал. Имено, сакото и панталоните што ги избра изгледаат како да им недостига дел на кој се најдоа синџирчињата од циркони.

За жал, на овој комплет не му помогна ни тоа што Адријана беше убава како и секогаш и што изборот на нејзината шминка и фризура беше целосен погодок.

Инаку, Адријана на манифестацијата Footwear News Achievement имаше посебна улога – таа ја презентира наградата на „Пума“ за најдобар спортски бренд на годината.

Интересно е и тоа што манекенката наскоро ќе дебитира како моден дизајнер на ова спортско име.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.