Фитнес за жените 45+

Вежбајте со нас!

Зрелата доба е прекрасен период – пред нас има уште многу интересни работи, а стекнатото искуство е од непроценлива вредност. Единствено што нѐ фрустрира е сопствениот одраз во огледалото. Секако, не е можно да се врати младоста, но затоа е можно секоја жена да остане во форма.

Негде во таа доба метаболизмот забавува, кожата ја губи еластичноста и се појавуваат првите брчки. Повеќе не сакате да одите во вежбалница или да се наоѓате со пријателките, бидејќи, едноставно, немате ниту енергија ниту сила.

Слободното време главно го поминувате пред телевизор, грицкајќи нешто. Секако, во таква ситуација вишокот килограми ќе се појават како на шега.

Фитнесот е вистинската работа што ќе ви помогне да се наполните со позитивна енергија и да останете во форма. Жените постари од 45 години би требало да претпочитаат полесни вежби. Можете да вежбате и во вежбалница, но првите часови треба да бидат под надзор на искусен инструктор.

Ефикасни се и индивидуални и групни тренинзи, а најважно е да ги изберете оптималното оптоварување и темпото.

ПИЛАТЕС

Техниката се заснова на вежби за еластичност, чија цел е развивање на флексибилноста на зглобовите и лигаментите, како и зајакнување на ’рбетот. Се препорачува секое движење да се изведува полека, чувствувајќи ја напнатоста на секој мускул. Редовното вежбање го подобрува држењето, го зајакнува мускулниот состав и го зголемува тонусот.

СТРЕЧИНГ

Флексибилноста на телото е клучот за добро здравје, така што оние што сакаат да ја зачуваат младоста може да се занимаваат со стречинг (истегнување). Вежбите се насочени на истегнување на сите групи мускули. Тренингот го забрзува метаболизмот, ги снабдува клетките со кислород, ја подобрува циркулацијата на крвта и ја нормализира работата на внатрешните органи. Со редовно вежбање (една-двапати неделно по 30-40 минути) се намалува мускулната маса и се подобрува фигурата. Можете да се истегнувате веднаш по будењето или со аеробни вежби.

КАЛАНЕТИКА

Комплексот се состои главно од статички вежби (такви има само 29), што овозможува сите мускули добро да се развијат. Со редовно вежбање почнува процесот на согорување на мастите, се коригира фигурата и се зајакнува ’рбетот. Во процесот на изведување на движењата се вклучени речиси сите мускули, но пред тренингот мора правилно да ги загреете.

ЈОГА

Јогата му дава на телото еластичност, на зглобовите им ја враќа подвижноста, спречува појава на вишок килограми. Без обѕир на тоа што асаните (вежби и положби) се изведуваат бавно, се зајакнува мускулниот тонус, се подобрува држењето, се обновуваат хормоните. Тајната е во тоа што не треба да брзате и што секој потег треба да го правите правилно.

НОРДИСКО ОДЕЊЕ

Овој спорт се појави неодамна, но стекна огромна популарност. Научните истражувања покажаа дека ваквиот вид рекреација има благотворно влијание на здравјето, особено на кардиоваскуларниот систем. За одењето се користат специјални стапови, со кои се раздвижуваат повеќе од 90% од мускулите на телото! Ова е одличен вид спорт за жените по 45-та година, бидејќи не бара преголемо напрегнување.

ДЕНС-АЕРОБИК

На дамите што имаат повеќе од 45 години им одговараат вежби со умерен интензитет. Овде акцентот е на тоа што танцувачките чекори мора да бидат изведени без запирање и пауза, па со самото тоа и резултатите брзо ќе бидат видливи. Аеробните вежби го зајакнуваат срцето, ги освежуваат крвните садови, ја подобруваат циркулацијата на крвта, ги напрегнуваат мускулите и ги согоруваат мастите.

ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД

Овој вид спорт не само што придонесува за губење на тежината туку и го зајакнува кардиоваскуларниот систем и ја подобрува емоционалната состојба. Во текот на возењето можете да разговарате, да се восхитувате на прекрасните пејзажи, да уживате во комуникацијата со природата. За почеток најдобро е да тргнете со кратка оддалеченост и постепено да го зголемувате траењето на возењето.

Текст: Руски доктор

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.