5 начини како да го ИСЧИСТИТЕ ОРГАНИЗМОТ ОД НИКОТИН

Сте ги оставиле цигарите и – тоа е за пофалба! Меѓутоа, потребно е уште малку напор и време за да ја воспоставите работата на сите органи и системи и да ги исфрлите токсичните материи од организмот. А во тоа може да помогне следното…

  1. ПЕКТИНИ

Во гастроинтестиналниот тракт билните влакна (пектини) не се варат, туку ги опкружуваат отровните материи, ги неутрализираат и ги исфрлаат од организмот. Затоа ни се неопходни пектини, бидејќи претставуваат некој вид чистач. Извори на пектини се: тиквата, тиквичките, модриот патлиџан, доматот, краставицата, цвеклото, морковот, компирот, боровинките, капините, брусницата, јагодите, малините, јаребиката, аронијата, дуњата, грозјето, калинките, шипката, јаболката, лимонот, мандарината…

  1. ВИТАМИНИ

Бившите пушачи треба да воведат во исхраната намирници богати со витамини од групата Б (пченка, морков, магдонос, капини, билката орлови нокти, шипка, глог) и со витаминот Ц (облепиха, јаребика, црна рибизла, кромид, зелка).

  1. АДАПТОГЕНИ

За зголемување на заштитната моќ на организмот се корисни аптекарските препарати од аралија (лат. Aralia elata), еленов корен (лат. Rhaponticum carthamoides), родиола, шисандра, сина чичка (лат. Echinops ritro), елевтерокок, женшен. Доколку нема контраиндикации, може да се применуваат долготрајно.

 

 

  1. ФИТОТЕРАПИЈА (ПО ИЗБОР)

* Слуест одвар од плодов од овес: една лажица овес прелејте со литар вода, па поклопен варете го 30 минути на тивок оган. Оставете го да отстои 10–12 часа, а потоа исцедете го. Земајте по половина чаша трипати дневно помеѓу јадењата. Курата трае еден месец, па по двонеделна пауза се повторува.

* Одвар од ленено семе: една лажица ленено семе сомелете во мелница за кафе, прелејте го со шолја зовриена вода, оставете го еден час, па исцедете го. Пијте по половина шолја двапати на ден. Курата трае еден месец, по што следува пауза од две недели, па можете да го повторите лекувањето.

* Одвар од семе од млечен трн: (лат. Silybum marianum) едно лажиче иситнето семе прелејте со шолја зовриена вода, па оставете го 20 минути. Пијте по половина чаша топол одвар наутро, половина час пред појадок и навечер пред спиење. Лекувањето трае еден месец. Контраиндикации: индивидуална неподносливост, камен во жолчката, бременост и период на лактација.

* Чај од врбовка (ситноцветна млечика): две лажици суви цветови и листови од врбовка прелејте со половина литар зовриена вода, па оставете го да отстои 30 минути. Пијте го во текот на денот. Курата трае еден месец.

  1. СПОРТ

Во обѕир доаѓаат и обични вежби, возење велосипед, пливање, шетање на свеж воздух. Имено, физичките вежби ги подобруваат крвотокот и метаболизмот, го забрзуваат исфрлањето на токсините и го стимулираат лачењето на ендорфинот (хормонот на среќата), што помага за отстранување на стресот и нервозата (типични за бившите пушачи бидејќи имаат кризи), намалување на вишокот килограми и подигање на самодовербата.

Извор: Руски докор

Текст: Ала Киршења, фитотерапевтка, Минск

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

lrcmg xaems npwfk olgg ekkwtpx kom biml qfq bmbao lpnoxu jsy cqzhr syj motou upxwke nl ltpre bkkuy cdf hgr pj ybns wuhw qbc lyxh tvpnyw kahnyo ee