Зошто Меланија Трамп ја нападна професорката на својот син: „Срам да вие!“

Првата дама на САД, Меланија Трамп, повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат не поради својот беспрекорен моден избор. Имено, Меланија неодамна направи хаос во медиумите кога ја опомена професорката од Универзитетот Стандфорд, Памела Карлан, која за време на сослушувањето во процесот за отповикување на Доналд Трамп се пошегува со името на нивниот син Барон.

Професорката за време на сослушувањето ја истакна разликата меѓу монархијата и демократската влада спомнувајќи го синот на Трамп и шегувајќи се со разликата меѓу претседателите и кралевите, пренесува „Си-ен-ен“.

 

 

View this post on Instagram

 

Good quality 💖@realdonaldtrump #barrontrump #donaldtrump #usa#trumpfamily #likeforlikes #fff#lff

A post shared by Barron Trump🔹 (@barruntrump) on

Претседателот може да го нарече својот син Барон, но не може да го прогласи за барон“, рече Карлан, на која првата дама не ѝ остана должна.

Меланија Трамп ѝ порача на Памела дека би требало да се срами поради ваквата изјава.

Малолетно дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политиката. Памела Карлан, би требало да ви биде срам поради вашиот бес и очигледно пристрасното јавно подлизување и користење дете“, напиша лутата Меланија Трамп на Твитер.

Подоцна се огласи и Карлан, која призна дека згрешила.

Би сакала претседателот да се извини за работите што ги направи и кои се погрешни, а јас жалам поради кажаното“, истакна Карлан.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.