Дали ова е најпровокативното издание на Ким Кардашијан? (ФОТО)
Се' уште умее да ја шокира јавноста
Ако мислевте дека од Ким Кардашијан и нејзиното семејство видовме се’ и сешто, се лажете. Членовите на популарниот клан Кардашијан – Џенер се’ уште умеат да не’ изненадат, пред се’, најпопуларниот нивни член – Ким Кардашијан.
Имено, американската старлета/инфлуенсерка/бизнисменка ја изненади јавноста со фустанот што го избра за доделувањето на холивудските награди за убавина појавувајќи се во најпровокативно издание досега.
Ѕведата на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ не остави многу за фантазирање во долгиот црн фустан, кој одвај ги прекриваше нејзините раскошни облини. Овој винтиџ-фустан од 1998 година е дело на славниот дизајнер Муглер.
View this post on Instagram
Зар не изгледаме како да одиме на матурска вечер“, напиша Ким под објавените фотографии на Инстаграм, на кои позира со фризерот Крис Аплетон.