Новак Ѓоковиќ ја отвори душата: „Да не беше Јелена, не знам каде ќе завршев“

Еве зошто неговата сопруга му е најважна во животот

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се закити со уште една ласкава титула. Имено, Ѓоковиќ четврти пат во својата кариера е прогласен за најдобар тенисер на светот, а престижната награда „лауреус“ му ја врачи некогашната првенка во тенис Моника Селеш.

На свеченото доделување на наградите, Новак се појави во придружба на сопругата Јелена Ѓоковиќ, мајка си Дијана и татка си Срѓан, чија поддршка му е од огромно значење, како што и самиот истакна многу пати досега.

Јелена е најважната личност во мојот живот. Ми беше најголема поддршка во 2010 година, кога размислував веќе да не играм тенис. Да не беше таа, не знам каде ќе завршев. Верувам дека не’ спои судбината“, изјави на времето вљубениот тенисер.

Нован не крие дека е многу тешко да си му сопруга на Новак Ѓоковиќ и да ги трпиш сите негови каприци, но очигледно љубовта на Јелена била главниот двигател на се’ и главен мотиватор на неговиот голем успех.

Јелена ми помогна многу да најдам сила во тешките ситуации. Покрај мене беа и моите родители и браќата. Но на крај сепак се’ се сведува на тоа како јас ги доживувам нештата и како се борам со нив“, изјави тенисерот.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.